Во Дагестан лудо се славеше победата на Нурмагомедов (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов утрово успеа да го победи Конор Мекгрегор на УФЦ 229 во Лас Вегас.

Борецот од Дагестан го победи Мекгрегор со давење во четвртата рунда, а потоа направи хаос, откако ја прескокна оградата и тргна да се пресмета со тренерот на Конор.

Хабиб на крајот успеаа да го смират и да го изнесат надвор од салата, па така можеше да ја прослави новата победа.

Сепак, во Дагестан се следеше неговиот дуел и потоа лудо се прослави неговата победа.