Во Дортмунд полудеа: Виновник за поразот во Лондон е фризерот…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија во Лондон забележа тежок пораз во осминафиналето во Лигата на шампионите, Тотенхем беше подобар со 3:0.

Германците не личеа на себе бидејќи не успеаа да го наметнат својот ритам на „Вембли“, што „Петлите“ и тоа како добро го искористија.

Претстои реваншот на „Вестфален“, а ако некаде е можно да се надокнади овој минус од три погодоци тогаш тоа секако е овој стадион.

Во меѓувреме се појави информација дека Аксел Витсел, Рафаел Гереро, Дан Аксел, Абду Дијало и Јакоб Брун Ларсен го повикале познатиот лондонски фризер, Шелдон Едвардс кој се грижи за косите на бројни јавни личности до светот на спортот.

Англичанецот дури и пристигна во Дортмунф за да ги среди фудбалерите на тој клуб, но сега настана проблем кога тој се најде во хотелот неколку часа пред почетокот на мечот.

„Денес имаме генерација на фудбалери која е потполно поинаку се подготвува за натпреварот во однос на моето време. Ова не требаше да се случи и повеќе нема да се случува. Ќе поразговараме со играчите, но секако дека шишањето не ја поремети екипата. Ние загубивме на теренот, таму ќе ги бараме причините“, беше јасен директорот на „Милионерите“, Ханс Јоаким Вацке.