Во Рим пристигна како големо засилување, а по само шест месечи „адио“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голем број клубови се обидоа да го ангажираат, на крајот заврши во „Вечниот град“ и се разочара.

Стигна летово Хавиер Пасторе во редовите на Рома како едно од најголемите летни засилувања.

Клубот од „Олимпико“ го искористи фактот дека ПСЖ мораше да го продаде поради проблеми со финансискиот фер плеј, го доведоа за релативно поволно, се чини дека Мончи направи уште еден фантастичен трансфер.

Сепак, не одеше се како што се очекуваше.

Проблемите со подготовките и повредите доведоа до тоа Пасторе веќе во јануари да го напушти Рим.

За неговите услуги интерес покажаа клубовите од Кина, пред се Шангај СИПГ и Пекинг Гуан.

И клубовите од Европа се заинтересирани за „Ел Флако“, но се чини дека 29-годишниот Аргентинец веќе не е во состојба да нуди парии на врвно ниво.