„Во Јунајтед не сакаат да се откажат од мене“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Јунајтед, Де Геа изјави дека во клубот се надеваат дека тој ќе остане и наредната сезона и покрај интересот на Реал Мадрид.

Голманот во разговори со медиумите изјави дека преговорите на тимовите нема да бидат лесни, затоа што Манчестер нема намера да се откаже од него.

Де Геа додаде дека Јунајтед бил во многу подобра позиција за преговори, отколку во 2015-та година кога Реал сакаше да го донесе овој голман и Јунајтед беше подготвен да прифати трансфер од 29 милиони евра, но работата пропадна поради документацијата.

Де Геа стигна во Манчестер во 2011-та година од Атлетико Мадрид.