„Во 2005. година шест месеци бев во болница и мислев дека ќе умрам“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот дефанзивец на Бразил, Тијаго Силва, во разговор за медиумите откри дека пред 13 години доживеал вистинска драма, па мислел дека ќе умре.

Силва во 2005. година играше на позајмица во Динамо Москва, а докторите го шокирале кога му откриле дека има туберколоза. Бразилецот тогаш го прославил 21. роденден, а дури шест месеци останал во болница додека да сфатат руските доктори што му се случува.

Туберколозата се проширила на неговите бели дробови, а докторите во еден момент му признале дека не се сигурни дали ќе преживее. Тогаш неговата мајка Ангела и сопругата Изабела одлучиле да не оди на операција, зашто знаеле дека тоа ќе ја уништи неговата фудбалска кариера.

„Ако отидев на операција, тоа ќе значеше крај на мојата кариера. Ми требаа ангели чувари во тие моменти. За мене пријателскиот натпревар против Бразил, кој го одигравме пред неколку месеци беше многу емотивен. Се чувствувам поинаку кога сум во Русија, зашто знам што поминав пред десетина години. Мислев дека ќе умрам кога ми кажаа дека имам туберколоза. За среќа на време открија што ми се случува, зашто докторите ми кажаа дека сум можел да умрам доколку за две недели не дознаеле што е проблемот“, открива Силва.