Врсаљко се пофали со изгледот на својата сопруга


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со одличните игри, но и со опуштеното однесување Врсаљко ги освои симпатиите, посебно на женската популација во текот на Светското првенство, но веројатно новиот играч на Интер ги разочара девојките кои не знаеја дека тој е женет.

Иако тој не го експонира својот приватен живот, сега одлучи на Инстаграм да објави фотографија со својата сопруга Матеа со која се заедно уште од средношколските денови.

Фотографијата заработи 170.000 лајкови, а во коментарите се редеа бројни комплименти на сметка на неговата сопруга. Многу обожавателки, останале разочарани, незнаејќи дека тој е во брак.

„Љубоморна сум на оваа риба“, „Соновите ми пропаднаа под воа“, „Шиме ми го скрши срцето на 150 парчиња“, беа дел од коментарите.

Инаку сопругата на Врсаљко воопшто не сака внимание од јавноста, па така нема ниту профил на социјалните мрежи, а ретко се појавува во јавноста.

?

A post shared by Sime Vrsaljko (@simevrsaljko2) on