ВТА Москва: Кузњецова подобра од Гаврилова во финалето!

    Русинката Кузњецова се пласираше на завршниот ВТА турнир во сезоната бидејќи денес ја освои титулата на турнирот во Москва.

    Кузњецова така ја одбрани титулата во Москва и стигна до 17 трофеи во кариерата, но и осигураше настап во Сингапур.

    Пред турнирот во Москва местото кое водеше на завршниот турнир го имаше Конта, а за да избори пласман Кузњецова мораше да освои трофеј, а тоа и го стори.

    Русинката на завршниот турнир нема играно од 2009 година.

    Кузњецова во Сингапур ќе игра во Црвената група во која се Радванска, Плишкова и Мугуруза.