ВТА – Се ниша тронот на Кербер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Анџелика Кербер и понатаму е на првото место на најновата ВТА листа, но по се изгледа дека во наредните недели ќе биде загрозена нејзината позиција, затоа што беше елиминирана на стартот на Ролан Гарос.

Кербер има 7.035 бодови, а ја следи Серена која поради бременост нема да игра до крајот на сезоната. Таа има 6.110 поени, а нив ги следи Плишкова со 6.100 поени.

Потоа следуваат Халеп, Мугуруза, Свитолина, Цибулкова и Конта додека во топ 10 се уште и Кузњецова и Радванска.