„Вундеркидот“ Тонали пишува историја во италијанскиот фудбал (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Суперталентираниот Сандро Тонали ќе стане најверојатно првиот фудбалер роден во 21 век, кој запишал настап во сениорската репрезентација на Италија.

Тоа би можело да се случи вечерва, во пријателски натпревар помеѓу Италија и САД, кој се игра од 20.45 часот.

Интересно е тоа што Тонали никогаш нема играно во Серија А, но тој е член на Бреша во Серија Б и уште сега многумина го гледаат како „наследник“ на Андреа Пирло.

Тонали, кој е роден на осми мај 2000 година во малото место Лоди, Италија, а на шест години се запишал во академијата во Пјаченца.