Габигол направи чекор напред, следат два чекори назад?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Габигол не се снајде во Интер, играше само 16 минути и сигурно е дека ќе ја промени средината веќе во јануари.

За него се интересираат бројни тимови во петте најквалитетни лиги, но истотака и од Бразил, каде што веќе играше за Сантос.

„Постојат многу бразилски тимови кои го сакаат“, рече неговиот агент Вангер Риберио за Фокс.

Се споменува како засилување на Фламенго, но во Фламенго велат дека засега доаѓањето на Барбоса изгледа како невозможна мисија, но дека играчот сам откри дека не би имал ништо да заигра во Фламенго и затоа не ја исклучи можноста да се постигне договор.