Гаго после инцидентот глумеше невин, а веројатно е еден од виновниците


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго очекуваниот реванш во Копа Либерадорес помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс вчера беше повторно одложен поради нредеите кои се случија во саботата кога навивачите на Ривер го нападнаа автобусот на противничкиот тим.

Ривер и Бока требаше во саботата да се борат за титулата првак на Јужна Америка, но два часа пред натпреварот дојде до големи нереди, откако навивачите на Ривер ги нападнаа играчите на Бока.

Фудбалската јавност го осуди однесувањето на навивачите на Ривер кои ја загрозија сигурноста на играчите на Бока. Сепак, ни фудбалерите на Боја не се баш за фалење, а тука посебно се издвојува капитенот Фернандо Гаго.

Според пишувањето на аргентинските медиуми прв започнал да ги провоцира навивачите на Ривер и откако им покажуваа среден прст настана хаос.

После инцидентот Гаго изјавувал дека е невин и пробал кривицата да ја префрли на навивачите на Ривер.