Галијани ја прави истата грешка, не смее ова да му го подари на Донарума за роденден!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе еднаш направи нешто слично и тоа беше пресудна да се смени рамнотежата во тимот.

Донарума наполни 18 години, а тимот му ја подари победата во Сасуоло.

На роденденот беше присутен и Галијани кој оваа недела заминува од тимот.

На прашањето на новинарите за подарокот, Галијани со насмевка рече дека тоа ќе биде пенкало.

Тој сакаше да каже со тоа дека Милан ќе го продолжи договорот со Донарума.

Но, тоа предизивка лоши сеќавања помеѓу навивачите.

Таков подарок Галијани му даде на Пирло во 2010 година. Со тоа исто пенкало неколку денови подоцна Пирло потпиша договор со Јувентус. Од тогаш, Јувентус му ја зема титулата на Милан и ја има веќе 6 години.

За иднината на Донарума зборуваше и Раиола кој демантираше дека се сретнал со Кинезите.

„Не разговаравме, не знам кои се тие луѓе, за мене во Милан и понатаму е Галијани. Не е ништо готово, ќе видиме какви им се плановите. Милане  голем клуб, но Донарума заслужува поголема екипа, а тоа се две различни работи.“

Милан ќе бора ова лето да се бори со голем број понуди, кои би требало да стигнат на адреса на Донарума.

Гигантите чекаат во ред, од Јувентус, преку Реал, Јунајтед, а се споменува и Челси.