Галијани ја смирува ситуацијата: Не ми кажал никој ништо за трансфер на Роналдо во Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во центар на внимание на светските медиуми е Кристијано Роналдо, кој најверојатно ќе се пресели од Реал Мадрид во Јувентус.

Португалецот наводно се договорил со „старата дама“ и сега клубовите треба да се договорат за висината на трансферот на најдобриот играч во светот.

Меѓутоа, денеска се појавија нови информации дека трансферот нема да се оствари. Такво нешто кажа поранешниот извршен директор на Милан, Адријано Галијани, кој е добар пријател со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

„Често разговарам со Перез. Пријатели сме и често ги коментираме трансферите на Реал. Сепак, мене никој не ми кажа за продажба на Роналдо во Јувентус“, вели Галијани.