Гарсија создава моќен Марсеј!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марсеј во наредната сезона би можел да биде кандидат за титулата во Франција.

Тимот кој го води Гарсија има големи планови за во иднина, а овој тренер има интересна листа на желби.

Во јануарскиот преоден рок беа донесени Паје и Евра, а ова лето се поврзуваат уште фудбалери со нив.

Од наредната сезона би можеле да го гледаме таму Марез. Наводно, Марсеј подготвил голема понуда за овој фудбалер.

Тој не е единствен кој би се преселил во Марсеј. Тие преговараат и со Рами кој најверојатно ќе го договори трансферот и ќе игра наредната сезона повторно во Лига 1.

Сигурно дека Марсеј сака повторно да игра важна улога во францускиот фудбал. Во минатото беа 9 пати шампиони, а последната титула ја освоија во 2010 година.