Гатузо не е загрижен за својата иднина во Милан

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо одби да одговори за тоа дали ќе остане во тимот по новиот кикс против Фросиноне.

Гатузо се наоѓа на „тенок лед“ и многу веројатно е дека ќе биде избркан од таборот на Милан во следниов период.

„Мојата загриженост е околу тимот, а не околу мојата ситуација. Јас сум судија на резултатите, а резултатите засега ги нема. Јас сум капетан на бродот и на мене е да преземам одговорност.

Играчите играат под нивните можности, јас мора да работам на тоа. После се може да се случи. Ќе ја прифатам секоја одлука“- коментираше Гатузо.