Гаф на УЕФА, Фиго може да биде лут!

На официјалната стран на УЕФА направија мал гаф, но тоа не помина незабележано.

Медиумите објавија слика со страната на УЕФА на која беа наместени карикатурите на фудбалските легенди во три редови.

И ништо немаше да биде спорно ако меѓу легендите, Фиго не беше во дресот на Барселона. Секако, сите се сеќаваме на неговото предавство и премин од Барселона во Реал.

Навивачите на Барселона никогаш не му го простија тој потег, па по враќањето во Каталонија тој беше гаѓан со свинска глава.