Гвангжу по втор пат ја одбива Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона не се откажува од ангажман на бразилскиот репрезентативец, Паулињо од редовите на Гвангжу.

Кинескиот клуб вчера официјално потврди дека одбиле понуда од Барселона во висина од 20 милиони евра, а денес клубот одби уште една понуда од „Каталонците“ во висина од 25 милиони евра.

Барселона се мачи да најде играч од средниот ред откако минатогодишното засилување Андре Гомеш се покажа како неуспешна аквизиција.

„Каталонците“ веќе имаа неуспешен обид да го донесат Верати од ПСЖ, Андер Ерера ги одби со цел да остане на „Олд Трафорд“, додека пак последната нивна желба, Дани Себаљос е пред трансфер во Реал Мадрид.

Дали и трансферот на Паулињо ќе пропадне останува да видиме.paulinh