Гвардиола со луди тврдења: Манчестер Сити е подобар од изминатата сезона?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Манчестер Сити изминатиот викенд загуби од Кристал Палас на домашен терен со 3:2 и така дозволи на Ливерпул да ја зголеми предноста на четири бода, менаџерот на Граѓаните Пеп Гвардиола не е загрижен.

Во изјава за британските медиуми, Гвардиола дека неговиот тим оваа сезона е посилен од претходната сезона, кога ја освои Премиер лигата со рекордни 100 освоени бодови.

„Сигурни сме во некои детали, што е нормално бидејќи повеќе време минуваме заедно. Имаме повеќе опции од одбраната да преминеме во нападот, се браниме подлабоко“, започна Гвардиола и додаде:

„Секако, постојат натпревари во кои се губат бодови, но затоа и е тешко да се освои титулата во Премиер лигата. Морате константно да го држите високото ниво“.

Тезите на Гвардиола имаат смисла, но малку го побива статистиката бидејќи Манчестер Сити во овој месец доживеа два порази во Премиер лигата, а толку имаше во целата измината сезона.