Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Преминувањето во Милан или Интер од БЛ би било чекор назад во кариерата, Италија е дури 4-та лига во Европа, а повеќе ги нема ниту најдобрите дефанзивци.“
Никлас Зуле во последно време се промовираше како еден од стоперите кои се иднината на европскиот фудбал.
Младиот дефанзивец на Хофенхајм во своите редови би сакале да го видат многу големи гиганти и богати клубови во Европа, меѓу кои се Милан и Интер.
Уште минатото лето 21-годишниот Германец го сакаше Конте во Челси. Но неговиот татко ја отфрли таа можност со порака дека сеуште е рано.
Оваа есен Милан и Интер покажаа интерес за него, но тој изјави дека нема намера да доаѓа во Италија затоа што тоа би било чекор назад во неговата кариера.
„Знам дека мојот агент е контактиран. Но за мене преминување во Италија нема никаква смисла. Милан и Интер ја изгубија магијата која ги правеше гиганти. Не можат да се квалификуваат ниту за Европа.“
„Во минатото имаа големи играчи, а имињата на клубовите имаа тежина. Убав е градот, навивачите се одлични.. Но клубовите пропаѓаат. Да се преселам таму би направил чекор назад во кариерата.“
Дека Зуле нема добро мислење за лигата зборуваат и следниве зборови.
„Италија е 4-та лига во Европа. Повеќе ги немаат ниту најдобрите дефанзивци како тоа што беа Канаваро или Неста. Киелини и Бонучи се одлични играчи, но не се класа на Рамос или Боатенг.“
Челси и понатаму се споменува како кандидат за негово донесување, но извесно е дека играчот во јануари нема да оди никаде.