Гигс објасни зошто Мурињо мора да остане во Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ужасно ја отвори новата сезона во Премиерлигата. По три одиграни кола, „Црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 13. место со само три освоени бодови.

За многумина, виновник е Жозе Мурињо, кој би можел да се соочи со отказ доколку не побди против Барнли во следното коло.

Сепак, легендарниот Рајан Гигс, еден од најдобрите играчи во историјата на Јунајтед, смета дека клубот мора по секоја цена да го задржи Португалецот.

„Манчестер јунајтед има одличен тренер и вистински човек кој треба да го задржи. Клубот поминува низ тежок период, но сите мора да застанат заедно за да го поддржат“, кажа Гигс.