Гигс со порака со Бејл: Критиките се нормални кога играш за голем клуб…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Велс, Рајан Гигс смета дека напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл треба да се соочи со критиките кои ги добива и да излезе од тоа посилен и подобар.

„Играв за Манчестер Јунајтед, а кога играте во голем клуб морате да бидете отворени за критика. Морате да се носите со тоа, да го прифатите тоа како најнормална работа и од тоа да го извлечете најдоброто“, истакна Гигс.

Гигс истакна и дека Бејл е голем играч.

„Освои четири титули во Лигата на шампионите, тој е фантастичен играч. Тој е голем фудбалер за Реал и голем фудбалер за Велс. Каде и да се појави, тој делува стимулативно и на стручниот штаб и на играчите. Тој е искусен фудбалер, а пред се квалитетен човек“, истакна Гигс,јавува ЕСПН, пренесува Танјунг.

Бејл во Реал пристигна во 2013. година од Тотенхем во трансфер вреден 100 милиони евра. Велшанецот има слаба сезона, не е стандарден во тимот, а за „кралскиот клуб“ во Ла Лига одигра 21 натпревар и постигна седум погодоци.

Неговото заминување од Мадрид стана тема по враќањето на Зинедин Зидан на позицијата прв тренер на Реал и најави нови засилувања.

Меѓу оние кои сакаат да го ангажираат се споменуваат некогашниот клуб Тотенхем, како и Манчестер Јунајтед.