Главоболки за Тите: Бразил останува без еден важен играч до крајот на Мундијалот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Бразил ги соопшти лошите вести за навивачите на репрезентацијата. Се случи токму тоа од што навивачите се плашеа.

Данило нема да игра до крајот на Мундијалот. Тој се повреди на средбата против Швајцарија и ќе мора да паузира неколку недели.

Откако десниот бек Дани Алвеш се повреди пред почетокот на Мундијалот, Данило стана прва опција за таа позиција, но за жал одигра само една средба во која го повреди зглобот.

Подоцна на таа позиција играше Фагнер, кој сигурно не е најдобриот можен избор и преку кој Белгијците вечерва ќе ја бараат својата шанса.

Да потсетиме, Бразил и Белгија од 20 часот ќе го почнат големото дерби во четвртфиналето на Мундијалот, а победникот ќе игра против подобриот од мечот Уругвај- Франција.