ГН Бразил: Хамилтон најбрз на првиот тренинг

    Сеуште актуелниот шампион во Ф1, Луис Хамилтон постигна најбрзо време на првиот тренинг за ГН на Бразил на „Интерлагос“.

    Возачот на Мерцедес извозе круг со време 1:11.895, втор беше Макс Ферстапен со 1:11.991 додека на трето место беше Нико Розберг со време 1:12.125. Следеа по нив Рикардо, Ботас и Перез.

    Трката е претпоследна во сезоната, а големи се шансите Розберг да успее да ја освои таму титулата.