Голема непријатност: На играчите на Јувентус не им беше дозволено да влезат на Сантијаго Бернабеу


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако се дозна дека финалето од Копа Либераторес ќе се игра во Мадрид, организаторите на мечот примија голем број на барања за влезници и тоа од познати играчи.

На трибините беа голем број на играчи, а се истакнуваат Меси, Гризман, Дибала, Бонучи, Киелини и многу други.

Играчите на Јувенутс одлучиле заедно да го проследат мечот, а за набавување на картите бил задолжен Дибала. Аргентинецот добил десетина влезници, но кога стигнале пред Бернабеу наишле на големи проблеми.

Имено, обезбедувањето на стадионот не сакале да ги пуштат да влезат во ложата и воопшто не ги интересирало тоа што се ѕвезди на Старата дама, а еден од нив дури им искоментирал „Не не интерестира тоа што сте играчи на Јунветус“. На крајот Дибала морал да реагира и некако успеале да најдат пат до ложата.