Големите планови на Интер: Нови договори за ударното трио!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покрај засилувањата на играчкиот кадар во текот на преодниот рок, челниците на Нероаѕурите сакаат дополнително да ја засилат атмосферата во тимот.

Новата управа на Интер, која ја претставува кинеската Сунинг група, одма по доаѓањето во клубот најави големи планови, а после сосема солидно одработниот преоден рок, продолжија со нивната понатамошна реализација.

Заменик директорот на Сунинг групата Јанг Јанг најави дека Интер ќе ги продолжи договорите со тројца можеби и најважни играчи во тимот, а тоа се Мауро Икарди, Марсело Брозовиќ и Гари Медел, кои ќе профитираат на финансиски план.

„Ние ќе го искористиме брендот на Интер во цел за оживување на клубот. Имаме многу интерес во спортот и сакаме со помош на клубот да го развиваме фудбалот во Кина, Азија и пошироко во светот. Веруваме во добри резултати и во Лигата и во купот, во преодниот рок ја видовте нашата посветеност, веќе имаме искуство во фудбалската идустрија и веруваме дека ќе можеме да се соочиме со предизвиците. УЕФА механизмот е променет и веруваме дека од тоа ќе имаме корист веќе во сезоната 2017/2018 година“, рече Јанг Јанг.

Мауро Икарди како една од најголемите ѕвезди во клубот и најмногу ќе помине на финансиски план, па годишните примања ќе муи бидат 5 милиони евра, ќе потпише петгодишен договор со откупна клаузула од 110 милиони евра.

На Марсело Брозовиќ беше дупло помала платата, но истотака и петгодишен договор. Договорот на Гари Медел е до 2018 година и почнаа да преговараат околу петгодишен нов, но засега не е познато дали и тој ќе парифира петгодишен договор, бидејќи се работи за играч кој има 29 години?

Интер во ова лето најмногу плати за Жоао Марио од Спортинг (40 милиони евра), а за голема сума на пари купен е и Габигол (27.5 милиони), односно Антонио Кандрева (22 милиони евра).

Новиов тренер Франк Де Бур сеуште не успеа да ги сложи коцките, па Нероаѕурите во првите две кола од италијанската Серија А освоија само еден бод. Интер во наредното коло гостува кај Пескара од 20:45.