Голем БУНТ во редовите на Баерн Минхен: „Синдикатот“ се разбуди предводен од големата четворка…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германски „Кикер“ објави приказна која ќе даде поширока слика за односите кои владеат во внатрешноста на Баерн по најновите неуспеси во Бундеслигата. Според нивните ифнромации, се формирала голема четворка во состав од најголемите ѕвезди на тимот, а кои предводат бунт против тренерот Нико Ковач.

„Фантастичната четворка“ се Арјен Робен, Томас Милер, Френк Рибери и Матс Хумелс кои на хрватскиот тренер му замеруваат на неколку работи. Пред се, сметаат дека Ковач нема доволно искуство на најголемо ниво потребно да го однесе клубот до најголемите резултати во Европа. Покрај тоа, проблем е што во клубот многу малку се работи на тактиката и Хрватот нема подготвен план Б, за случај натпреварот да не се развие во посакуваната насока за Баварците.

А, тоа оваа сезона се случува многу често за разлика од изминатите години.

Сепак, преку сето тоа споменатите ѕвезди многу полесно би минале, само ако имаат соодветен статус кај некогашниот селектор на Хрватска. Најнезадоволен е Робен кој само четири пати одигра по цел меч, додека осум пат беше заменет. Исто така, Милер и Рибери оваа сезона се запознаваат со честото седење на клупата за резервни играчи, на што во своите кариери не навикнале, додека Хумелс уште од порано има некои несогласувања со тренерот на баварскиот великан.

Сето тоа допринесува за многу лоша атмосфера во внатрешноста на тимот, а „Кикер“ наведува дека споменатата четворка не планира да отстапи ниту милиметар, се додека Ковач не добие отказ. Меѓутоа, Хрватот на клупата го чува и тврди ставот дека шефовите му порачале дека нема да довие отказ дури и ако го загуби дербито со Борусија Дортмунд во сабота на „Вестфален“.

Како и оваа приказна да се заврши, во редовите на германскиот шампион се подготвуваат големи потреси. Кои ќе бидат жртвите, ќе покаже времето.