Голем проблем за Рома – Поради Јуве мора да продадат фудбалер!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


И покрај неуспехот во Џенова, Рома и понатаму смета дека има шанса за титула.

До крајот на преодниот рок Рома ќе мора да продаде некој за да избегне казна од УЕФА поради финансиите.

Тие планираа да го пуштат Паредес во Ливерпул, но тие се откажаа од него. За него Јуве понуди 25 милиони евра, но тоа би било лошо решение затоа што би го засилиле тимот од кој сакаат да ја земат круната.

Поради тоа Паредес останува, а медиумите шпекулираат дека ќе мора да замине Костас Манолас. Летово одбија 40 милиони евра, а сега тоа би било прифатливо.

Но, Челси и Јувентус се оладија, а Интер го сака, но дури во лето.

До крајот има нешто повеќе од 24 часови, а Рома мора да одлучи брзо. Дали ќе го пушти во Интер на позајмица со право на откуп или ќе бара 3-то решение, ќе видиме наскоро.