„Готова е борбата за титула!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Голманот на Арсенал призна дека борбата за титулата е завршена кога станува збор за неговиот тим.

Арсенал изгуби со 3:1 од Ливерпул, па сега имаат 13 бодови помалку од Челси и Чех знае дека шансите се многу мали да стигнат до титулата.

„Разочарувачко е секогаш кога ќе изгубите натпревар во кој сте имале еднакви шанси. Мислам дка борбата за титулата е готова, останаа само 12 кола.“

„Со три бодови би биле во трка за титулата, но сега сме далеку. Мораме да се потрудиме да завршиме меѓу најдобрите 4 тимови.“