Готово е: Икарди си заминува од Интер, позната и неговата следна адреса


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познато е дека Мауро Икарди веќе подолг период не е во најдобри односи со управата на Интер со оглед на фактот што „Нероазурите“ не сакаат да му ги исполнат побарувањата и да му понудат договор по негова мерка.

„АС“ пренесува дека Икарди наводно завршил со Интер, и негова следна дестинација ќе биде Мадрид.

Весникот јавува дека Аргентинецот веќе одлучил дека ќе живее во Мадрид следната сезона, но се уште не одлучил каде ќе заврши, во Реал Мадрид или Атлетико Мадрид.

Сепак, и од Барселона ја разгледуваат опцијата за ангажман на Икарди, па ќе биде многу интересно во летниот преоден рок кога станува збор за одличниот напаѓач.