Готово е: Тевез стана најплатен фудбалер на сите времиња


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевез во солзи се прости од Бока Јуниорс во последниот свој меч во победата над Колон од 4:1, поради тоа што кариерата ќе ја продолжи во Кина.

Тевез на две минути пред крајот, при измената доби овации од “Бомбоњера“, а поедини навивачи влегоа на терен и му се поклонија, после што 32-годишниот напаѓач не можеше да го сокрие емоциите.

Тевез ја напушта матичната Бока незадоволен со финансиската состојба во клубот, додека во новиот тим Шангај Шенхуа, ќе заработува неверојатни 80 милиони долари за две сезони.

Тој на тој начин ќе ги надмине двајцата најдобри играчи на денешницата Кристијано Роналдо и Лионел Меси и ќе стане најплатен фудбалер во историјата на фудбалот.

Тевез во својот втор мандат во саканиот клуб беше 18 месеци, а во текот на кариерата играше и за Коринтијанс, Вест Хем, Јувентус и клубовите од Манчестер.