Го молам Бога вечерва Меси да не изведува слободни удари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вечерва играат на домашен терен против Тотенхем во последното коло од групната фаза од ЛШ.

Каталонскиот клуб веќе го осигура првото местo во оваа група и растеретено ќе влезе во овој натпревар. Сепак, доколку Интер на свој терен го победи ПСВ тогаш на лондонскиот клуб ќе му биде потребна победа на Ноу Камп за да обезбедат пласман понатаму, а тоа дефинитивно нема да биде лесно.

Во Тотенхем се надеваат дека Валверде ќе ги одмара своите најдобри играчи, додека од Интер порачаа дека Барса не смее да калкулира во ваквите ситуации и дека мора да игра со најдобар состав. Она што е јасно е дека Меси ќе игра, а тоа најмногу ги плаши играчите на Тотенхем, а посебно голманот Хуго Лорис.

„Доколку Меси изведува слободни удари против нас како што ги изведе против Еспањол, тогаш тука не може ништо да се направи. Го молам Бога да не добие прилика за некој слободен удар“, рече Лорис.