Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жоао Марио би сакал во тимот да го види Кристијано Роналдо.
Марио и Роналдо беа со Португалија шампиони на Европа и фудбалерот на Интер во шега кажа дека се обидува да го убеди Роналдо да дојде во Интер.
„Беше тоа единствено искуство. Од детството сонував за такво нешто. Никогаш не можев да претпоставам дека ќе дојде денот кога Португалија ќе стане европски шампион.“
„Се обидувам да разговарам со Роналдо да дојде кај мене во Интер. Тој не е само мој соиграч, туку и добар пријател.“
Интер е во серија од 8 победи, а во сабота игра против Пескара.
„Тоа ќе биде тежок натпревар. Научив дека во Италија не постојат едноставни натпревар. Секој тим има одредена силина и свои квалитети.“