Дали конечно ќе замине од Торино – Неверојатна понуда за Белоти!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Интер испрати понуда за Белоти.

Овој 23-годишен напаѓач ја полуде Европа со одличниот настап во тимот на Торино за кој во минатата сезона постигна 26 голови. Многу големи тимови би сакале да го видат во свои редови, а во борбата се вклучи и Интер.

Медиумите пренесоа информација дека тимот од Милано за услугите на овој фудбалер на Торино понудија 70 милиони евра и дури 3 фудбалери.

Познати се имињата на 2 фудбалери кои ги нуди Интер. Тоа се Ранокија и Сантон додека 3-то има сеуште не е познато.

Секако, ова е интересна понуда за Торино кој го проценува својот напаѓач на 100 милиони евра.

Претходно со него се поврзуваа Челси и Јунајтед, а наводно беше мета и на Реал и Милан.