Дали Ливерпул стравува од освојување на титулата на Островот…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тимот кој го предводи Јирген Клоп го очекува тешка борба за освојување на шампионнската титула.

Јирген Клоп во мечот против Манчестер Јунајтед остана без Роберто Фирмино кој поради повреда мораше да го напушти теренот.

Ливерпул падна во криза и направи неколку кикса па дозволи Манчестер Сити да се доближи на само еден бод.

Освен тоа екипата на Јирген Клоп во последните два меча не постигна погодок, бидејќи освен резултат 0:0 против Манчестер Јунајтед, тимот од „Енфилд“ одигра исто така и против Баерн во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Последната работа која му требаше на Јирген Клоп е повредата на Фирмино за која се мислеше дека е од потешка природа, но стигнаа малку оптимистични вести кои говорат дека Бразилецот би можел да се врати веќе против Евертон овој викенд.

Клоп во последните два меча се чини повеќе внимание посвети на одвраната и во сето тоа како да заборави на нападот кој досега за секоја противничка екипа беше енигма.

Ливерпул оваа сезона со Вирџил Ван Дајк има најдобра одбрана во лигата со само 15 примени погодоци, но како битката за титулата се набвижува кон крајот, се поголем е фокусот на нападот кој би требало да биде пресуден фактор за остварување на клучни победи.

Триото Салах-Мане-Фирмино постигнаа оваа сезона 38 од 59 погодоци кои Ливерпул ги постигна во лигата, но сепак Клоп се прашува зошто тоа оддеднаш престана.

Во мечот против Манчестер Јунајтед, Ливерпул упати само еден шут во рамки на гоот, а против Баерн само два. Се очекуваше од ваквите играчи сепак да направат нешто повеќе.

Мохамед Салах оваа сезона постигна само еден погодок против најдобрите шест екипи во лигата, а во натпреварот кој Ливерпул вечерва ќе го игра против Вотфорд сепак се очекува да постигне барем еден погодок.

Ливерпул до крајот на сезоната ќе има голема битка со Манчестер Сити, а моменталната форма ги става „Граѓаните“ во улога на фаворити за освојување на титулата.