Дали Лопетеги е подготвен да се ОТКАЖЕ од огромната обештета: Стигна фантастична понуда на адреса на Шпанецот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јулен Лопетеги е сменет на почетокот на неделата поради лошите, речиси и најлошите резултати во историјата на Реал Мадрид.

Флорентино Перез мислеше дека токму тој е вистинскиот човек да ја наследи клупата која ја напушти Зинедин Зидан, но тоа не беше случај.

Пристигна Солари, па Лопетеги сега останува единствено во огромната обештета која „Кралскиот клуб“ ќе му ја исплати на име на отказот.

Освен ако не се предомисли и не преземе некој друг клуб, а руските новинари веќе пласираа дека тој ќе биде контактиран да го преземе кормилото на Спартак Москва.

Русите останаа без тренер бидејќи Карер заработи отказ, но тешко е да се поверува дека по се Шпанецот повторно ќе седне на клупата на некој клуб во скоро време.