Даме и Си-Џеј го убедуваат Мело да им се приклучи во „Блејзерс“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Зачудувачки е тоа што Кармело Ентони сеуште не знае каде ќе настапува наредната сезона во НБА лигата. Тој има уште една година договор со „Никси“, но тие сакаат да го трејдаат по секоја цена.

Тимот на Хјустон Рокетс се споменуваше како следна дестинација на Кармело, но како што денеска објавуваат американските медиуми, најдобрите играчи на Портланд Трајл Блејзерс, Дамијен Лилард и Си-Џеј Мекалум го убедуваат Мело да оди и да им се приклучи во Портланд.

Кливленд и Хјустон беа сериозни во своите намери за ангажман на играчот,  но немаа тие што да им испратат на Њу Јорк во спротивен правец. Додека пак тимот на Портланд има доста први пикови и млади играчи кои би можеле да завршат во Њу Јорк.