Дани Алвеш во лето се сели во Англија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш би можел да го напушти Јувентус по само една сезона.

Тој минатото лето стигна во Јувентус од Барселона, но по неколку месеци изјави дека ќе го напушти Торино.

Италијанските медиуми пред неколку денови пренесоа вест дека тој во јануари бил на излезни врати од Јувентус затоа што сакал да се врати во Барселона.

Сепак, до тој трансфер не дојде на крајот, но по се изгледа дека Алвеш сака да замине од Јувентус на крајот на сезоната.

Наводно, Гвардиола го контактирал Дани и му кажал дека на крајот на сезоната сака да го донесе во Сити.

Токму тој е заслужен поради доаѓањето на Алвеш во тимот на Барселона во 2008 година.

Дани оваа сезона во Јувентус не е стандарден како што се очекуваше затоа што пред него предност добива Лихштајнер.