Два гиганти заинтересирани за фудбалер на Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот фудбалер на Атлетико игра навистина добро оваа сезона и со своите игри привлече големо внимание на останатите клубови.

Денес агентот на Јаник Караско потврди дека за него се заинтересирани и стигнале понуди од Челси и Јунајтед.

Овие клубови веќе започнале преговори со Атлетико за 23-годишниот фудбалер, но засега проблем е откупната клаузула од 100 милиони евра.

Двата тимови понудиле 50 милиони за овој играч, но таа понуда ќе биде одбиена и ќе се чека нова од овие тимови.

За услугите на Караско се заинтересирани и Баерн, Јувентус, Сити, но за разлика од Челси и Јунајтед, тие сеуште не испратиле понуди.

Караско во октомври минатата година потпиша нов договор со Атлетико според кој би требало да остане до 2022 година.

Тој е член на тимот од Мадрид од 2015 година кога дојде од Монако за 20 милиони евра.