Делата зборуваат, соиграчите потврдуваат: Кристијано не изненади сите…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познато е каков работник е Кристијано Роналдо, како на теренот, така и надвор од него. Сепак, играчите не можат да сокријат колку се воодушевени што го имаат Португалецот во тимот.

Жоао Кансело, играчот кој ова лето пристигна за 40 милиони, тој е пресреќен што има можност да ја дели соблекувалната со Роналдо и што има прилика да учи од него. Роналдо исто ова лето пристигна во Торино. Јувентус издвои 100 милиони евра за неговото пристигнување.

„Сите играчи на Јувентус гледаат на Кристијано Роналдо со воодушевување“, започна Кансело.

„Дури и оние искусните како Кјелини, сите сакаат да бидат како него. Дали не изненадува на тренинг? Тој е неверојатен играч, работи напорно“.