Демаркус Казнс не може да дочека на првиот натпревар против поранешниот тим


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Јасно е дека веќе не постои љубов помеѓу Демаркус Казнс и Сакраменто Кингс откако раководството на тимот го размени во Њу Орлеанс само неколку дена откако му беше кажано дека тој е иднината на тимот. Сега тој е човек на мисија.

 

“Не можам да дочекам. О Боже, не можам да дочекам да играм во Сакраменто носејќи друга униформа. Силно се надевам дека ќе не извлечат во првото коло. Имам многу работи неискажани кои ме стегаат во градите и едвај чекам да добијам шанса да се искажам.” – рече Казнс.

Во првите 55 натпревари од минатата сезона Буги Казнс беше имресивен во настапите за Кингс, имајќи просек од 28 поени и 11 скока. Но за време на Ол-Стар викендот тој беше разменет во Њу Орлеанс Пеликанс без притоа да знае дека тоа се случило.

Сега, во тимот на Пеликанс под кошевите владее дуото Казнс-Дејвис. Иако ќе биде екстремно тешко, сепак од овој тим се очекува да се вмеша во трката за плејоф на Западот.