Детенце ги покажа фантастичните вештини и го „ископира“ Салах (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах и сезонава игра во одлична форма, па неговиот тим се наоѓа на чекор до освојување на титулата во Премиерлигата.

Исто така, Салах покажа дека е инспирација за многу деца ширум светот, а едно момче е посебно мотивирано од потезите на Египќанецот, па реши да ги „ископира“ неговите потези од рекламата за „Пепси“.

На социјалната мрежа Твитер е објавено видео од момчето, кое покажува неверојатни вештини и трикови и досега собра голем број позитивни коментари.

Момчето може да се види како шутира топка низ гума, баш како што се случува во рекламата на „Пепси“. А, дефинитивно Салах ќе биде среќен кога ќе го погледне видеото.