Дефанзивец го напушта Баерн со тешко срце


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако веќе одамна се знаеше дека ќе се раздели со Баварците на крајот на сезоната, сега и самиот играч стави точна на целата приказна.

Шанса на Алијанц Арена му укажа Луј Ван Гал, а тој возврати на најдобар можен начин.

Пружеше одлични партии Бадштубер веќе во својата деби сезона, беше јасно дека пред него е голема иднина.

Доби повик од Јоаким Лев да настапува во репрезентацијата на Германија, заигра и на СП во 2010 година, а потоа беше член и Панцерите и на смотрите на најдобрите европски селекции две години подоцна.

На негова жалост, следеше многу тежок период во неговата кариера. Кога требаше да ја предводи одбраната на Баерн и Германија, се случија серија на повреди, од година во година пополека стануваше синоним за малер.

Во оваа зима е прослен на позајмица во Шалке, дури ни во Гелзенкирхен не се наигра, настапи во 10 мечеви за тимот од Велтис Арена.

Договорот со Баерн му истекува, и беше јасно дека на Алијанц Арена нема да се врати, а сега и самиот играч тоа го потврди.

Изјави дека ќе го напушти Баерн, но дека тоа многу тешко ќе му падне, бидејќи за него играњето во дресот на тимот од Минхен беше „чиста љубов“.