Дефинитивно е, Коста заминува во Кина, парите се чиста лудост!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не е само платата на Бразилецот, но ова што е подготвен да го плати еден од најбогатите Кинези е чиста лудост.

Диего Коста заминува во Кина.

Во тоа нема сомнеж, дури и навивачите се повеќе го обвинуваат и тој размислува да замине од Челси.

Во Тијанџин потврдија дека преговараат со Коста и дека тој ќе добие неверојатна плата од 650.000 фунти неделно.

Со други зборови, тој заминува по поголема плата, па ќе заработува околу 38 милиони евра по сезона и заедно со Тевез ќе биде еден од најплатените игрчаи.

Но тоа не е се.

Англиските медиуми тврдат дека Тијанџин ќе руши светски рекорд и ќе му плати на Челси неверојатни 150 милиони евра.

Таа приказна делува неверојатно, а се зборуваше за 100 милиони евра, а Оскар веќе го продаде за 60 милиони.

Сопственикот на Тијанџин, Шу нема проблем да ги плати тие пари. Има големо влијание во федерацијата и практично донесува голем број одлуки за кинескиот фудбал.