Дефинитивно – Милан продаде голман!

Некогашниот голман на Реал Мадрид од наредната сезона ќе биде само фудбалер на Еспањол кој успеа да го откупи неговиот договор од Милан.

Диего Лопез (35) повеќе не е член на Милан.

Голманот кој е доведен од Реал Мадрид во 2014 година падна во минатата сезона во втор план кога Синиша Михајловиќ шанса даваше на Џиџи Донарума.

Одлучено е Лопез да оди на позајмица во Еспањол, а шпанскиот клуб го откупи и денеска повеќе не е фудбалер на Милан.

Парите кои се уплатени на сметката на Милан не се откриени, но се знае дека сега  откупната клаузула за Лопез е 50 милиони евра.

Договорот е потпишан до 2020 година.