Де Геа со порака ги налути навивачите на Реал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот голман Давид Де Геа по се изгледа дека наредната сезона ќе игра за Реал Мадрид.

Чуварот на мрежата на Јунајтед веќе долго време се поврзува со преминување во Реал, а пред две години неколку секунди го дела од трансфер, кој пропадна поради лошата организација во Мадрид.

Сепак, ова лето тешко дека некој ќе го спречи Де Геа да замине во Мадрид.

Медиумите добија порака која Де Геа наводно ја испратил на еден играч на Атлетико пред ½-финале во ЛШ против Реал.

„Очекувам победа против Реал и пласман во финалето. Го можете тоа вие.“

Откако беше објавено во медиумите, навивачите на Реал се многу лути, но одличниот голман нема да го спречи тоа за да премине во нивни редови.