Ди Франческо се огласи по трансферот на Малком во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Малком вчера и официјално се пресели во Барселона, иако беше на чекор до премин во Рома.

Бразилецот беше чекан од фановите на Рома на аеродромот во Рим, но тој никогаш  не се појави таму, туку замина во друг правец- Барселона.

Ова тешко му падна на челниците на Рома, но тренерот на овој тим, Еусебио Ди Франческо изјави дека тоа не е нешто што не се случува во светот на фудбалот.

„Малком? Најдобро за тоа да го прашате Мончи затоа што не сум баш најупатен што се случуваше. Не сум огорчен и лут на Малком. Само ми е жал како се одигра се, но сега тоа е зад нас“ –коментираше Франческо.