Доколку ги купел ќе биле на врвот на светот: Знаете ли кој клуб сакал да го купи Доналд Трамп?


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Доналд Трамп можеше изборната победа во Америка да ја прослави на „Ajброкс“ ако пред 4 години го купеше Глазгов Ренџерс.

    Медиумите открија дека новиот претседател на САД во 2012 година бил блиску да го купи Ренџерс, но на крајот сепак не влегол во тоа бидејќи станувало збор за голем ризик.

    „Немаше смисла, чувството беше уште полошо, иако станува збор за голем клуб. Се надевам дека некој ќе го купи и ќе го направи повторно голем.“

    Контроверзниот милијардер покажа дека во бизнисот не греши, бидејќи набрзо потоа Ренџерс банкротираше и испадна во 4-та лига.