Док Риверс ја изгуби функцијата, Клиперс воведуваат промени


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Доцна во петокот навечер еминентниот НБА инсајдер Едриен Војнаровски ја најави веста дека Док Риверс ќе биде разрешен од позицијата претседател за кошаркарски операции (генерален менаџер) во тимот на Лос Анџелес Клиперс. Неколку часа подоцна, клубот излезе со потврда за оваа одлука.

 

Док Риверс е отпуштен од позицијата претседател за кошаркарски операции но и понатаму ќе остане да си ја врши работата како тренер на тимот од Лос Анџелес. Неговото место ќе го преземе досегашниот заменик-претседател, Лоренс Френк.

“Го поседувам тимот веќе трета година и дури сега сфатив дека давањето на функциите тренер и генерален менаџер на само еден човек не беше правилна одлука…најпрво заради тоа што вршењето на две функции одеднаш бара огромна одговорност и одзема многу време и енергија, но и поради тоа што сфатив дека за да се изгради шампионски тим во Клиперс мора повеќе глави мудро да размислуваат и да разменуваат мислења.” – изјави сопственикот на клубот, Стив Балмер.

 

Риверс и понатаму ќе ја заработува платата од 10 милиони долари годишно, плата која досега ги вклучуваше двете функции кои Док ги вршеше во клубот.

Клиперс беше еден од најактивните клубови летово, донесувајќи дури 6 нови играчи во составот. Сепак, мора да се напомене дека истово лето и загубија многу со тоа што Крис Пол го напушти составот на тимот од Калифорнија.