„Донесов одлука, само да не се предомислам!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Франческо Тоти вели дека донел одлука поврзана за својата иднина, но не сакаше да ги открива деталите.

Тоти, легендата на Рома, игра и на 40 години, но јасно е дека се ближи крајот на неговата кариера, па без оглед на тоа што изгледа дека може да одигра уште 1-2 сезони.

„Размислувам многу за тоа што ќе сторам, но знам дека фудбалот е мој живот. Уживам да играм, иако секако срамота е што не сум на теренот како што бев пред 5 или 10 години. Сепак, ги почитувам одлуките на Спалети. Можеби ќе заминам во Кина за да можам да играм.“

„Веќе одлучив што ќе правам во иднина, но нема да кажам за да не се предомислам и да расипам се.“

Тој целата кариера ја помина во Рома во која прв пат заигра во 1993 година, а досега одигра 612 натпревари и постигна 250 голови.