Досие Х во Милан: Галијани сака засилувања од Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Продажбата на клубот е одложена за март, а никој не знае кои се луѓето кои го купуваат Милан. Погба и новиот Бонучи се план на Галијани кој е лут поради мешањето на Кинезите во фудбалскиот пазар.

Никој не знае кои се луѓето што се обидуваат да го превземат клубот од Берлускони.

Приказната за новите сопственици од Кина полека почнуваат да личат на лага, како кога се чекаше Би Тајечобол да го превземе клубот пред една и пол година. Тоа не се случи и навивачите се бесни на Берлускони од кој се очекува да го продаде клубот.

Вчера се појави информација дека продажбата на Милан на Кинезите е одложена за 3-ти март наредната година. Да потсетиме, „Сино“ е група составена од повеќе кинески бизнисмени кои треба да го купат Милан од Берлускони.

Кинезите тогаш платија депозит од 100 милиони евра со најава дека клубот ќе премине во нивно сопствеништво на крајот на ноември и дека Берлускони ќе остане почесен претседател, но дека сите останати во клубот ќе заминат.

Во меѓувреме ситуацијата се смени и Милан повеќе не е очаен како минатото лето кога немаше пари за засилувања, а ништо не навестуваше на поуспешна сезона од претходните 3 кои беа мизерни.

Монтела одлично тргна со Милан на стартот и создаде тим од таленти кои прават добри резултати и чија цена расте од натпревар во натпревар, а Милан е на добар пат да се врати во ЛШ, а со тоа би се измениле и клупските финансии.

Во тој случај Берлускони би можел повторно да размисли за продажба на клубот, а тоа секако, е поставување на нови услови кои ќе бидат поскапи за Кинезите.

Во Италија владее и се поголема загриженост околу имиџот на „Сино“ групата. Никој не знае кои се тие луѓе. Медиумите открија нешто за Ли Јонгхонг, мистериозен човек кој ги влече конците зад бизнисменската група. Тогаш беше откриено дека за разлика од Сунинг кој сите го познаваат, во „Сино“ никој не е познат на јавноста.

Марчело Липи кој со години работи во Кина ги познава најмоќните луѓе во таа земја изјави дека не ги познава идните сопственици на Милан. Потоа се јави и Германецот, Јохан Леш.

„Кинеската група која влегува во европскиот фудбал е многу сериозна. Вклучувајќи го и сопственикот на Интер, Сунинг. Но за Сино Јуроп Спортс никогаш немам слушнато. Ниту за Ли Јонгхонг.“

Затоа во Италија расте загриженоста поради иднината на еден од најголемите клубови, бидејќи никој не знае Милан во какви раце ќе отиде.

Според најновиот договор на „Фининвест“ и „Сино“ за одложување на продажбата за март, договорено е и идните сопственици да мораат да бидат консултирани за потезите во јануарскиот преоден рок. А тоа го изнервира Адријано Галијани кој сака сам да го води тој пазар.

И покрај тоа што нема да добие многу пари за засилувања, Галијани има планови и идеи кои се спротиставуват на идеите на Кинезите. Тој сака да продолжи со политиката на донесување на млади и талентирани италијански фудбалери додека Кинезите сакаат да донесат имиња како Фабрегас или Казорла.

Галијани како главни желби ги означи Роберто Гаљардини и Матие Калдар кои експлодираа оваа сезона. Новиот Погба и новиот Бонучи се мети и на остантите големи италијански клубови, поради што Галијани сака да побрза. Негов план во јануари е да го продаде Бака и за тие пари да ги донесе овие 2 играчи.

Но проблемот е тоа што Јуве, Наполи и Рома исто така ги сакаат овие фудбалери и тој нема многу време. Веќе стапи во контакт и сака да ја заврши работата што е можно побрзо.

Но Кинезите не сакаат да го продадат Карлос Бака.

Една од опциите за донесување е и Јоветиќ кој е во тешка ситуација во Интер. А Монтела сакаше да го донесе, исто како и Галијани, но Сунинг не сакаше да го продаде.

Затоа реална опција е Милан да го позајми Симоне Заза кој Вест Хем ќе го откупи од Јувентус.

Се чека и Милан Бадељ од Фиорентина кој исто така е голема желба на Монтела.

Дел од парите за засилувањата треба да бидат обезбедени и од продажбите на Адријано, Хонда…